Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЉАНОСКИ СТАВИ ПОТПИС: Распиша избори на 5 јуни!

ВЕЉАНОСКИ СТАВИ ПОТПИС: Распиша избори на 5 јуни!

Официјално претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите за 5 јуни.

Во соопштението објавено од неговиот кабинет се вели дека врз основа на неговите  уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието, го потпишал решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.

„Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштенето испратено до медиумите.

248211

Слично

Поврзани вести