Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски со покана до домашните и странски набљудувачи за следење на изборите

Вељаноски со покана до домашните и странски набљудувачи за следење на изборите

Откако вчера распиша избори на 5 јуни, првиот човек на Собранието Трајко Вељаноски денеска упати поканиза набљудување на изборите.

Тој ги повика сите меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права да се вкучат во набљудувањето на изборниот процес согласно Изборниот законик.

Вељаноски, упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

Засега опозицијата и власта остануваат на своите ставови. СДСМ ќе ги бојкотира овие избори образложувајќи дека нема услови за фер и демократски изборен процес без прочистен список и регулирани медиуми, додека пак од власта посочуваат дека изборите се решение на кризата и дека има услови за нивно спроведување.

Меѓународната заедница со индиректен став. Бара партиите да се вратат на преговарачка маса и да го исполнат она што го потпишале.

Од меѓународните институции искажаа загриженост и поради одлуката на претседателот Иванов да аболицира дел од политичарите кои се вмешани во истражните постапки кои ги покрена Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Слично

Поврзани вести