Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски потврди дека оставката на премиерот стигнала во Собранието

Вељаноски потврди дека оставката на премиерот стигнала во Собранието

Претседателот на парламентот Трајко Вељановски потврди дека денес му е доставена оставката на премиерот Никола Груевски.

Вељановски наведува дека ќе постапи во согласност со законот и уставот како и со договорот од Пржино кој летово го потпишаа четирите водечки партии со цел излегување од политичката криза.

„Верувам дека во претстојнот период ќе биде направен уште еден чекор напред во исполнување на спогодбата поради стабилизирање на земјава“, истакнал претседателот на парламентот.

Премиерот Груевски синоќа соопшти дека денеска ќе поднесе писмена оставка до претседателот на Собранието која стапува на сила 100 дена пред датумот за кој се закажани изборите.

Слично

Поврзани вести