Вељаноски од Рим повтори оти нема можност за свикување на Собранието
И официјално денеска стартуваше изборната кампања, а претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој е во посета на Рим уште еднаш порача дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание.
Тој посочува дека ја следи ситуацијава во земјата и е запознаен со сите барања пред Собранието.
„Би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано дека јас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание“, рече Вељаноски.
Тој укажува дека тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија.
Вељаноски денеска во е Рим каде што ја предводи македонската делегација по повод чествувањето на свети Кирил.
Слично
