Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веќе нема толеранција, Грција воведува нови мерки за невакцинираните

Веќе нема толеранција, Грција воведува нови мерки за невакцинираните

Во Грција се воведуваат нови мерки за невакцинираните.  Ќе престане да важи бесплатното тестирање за невакцинираните граѓани. 

- Невакцинираните работници во приватниот сектор ќе бидат обврзани на брзи лабораториски тестирања еднаш неделно на свој трошок (10 евра).

- Невакцинираните наставници и работници во туризмот, угостителството, телевизија, филмска и театарска продукција ќе мора двапати неделно да се тестираат.

- Невакцинираните ученици ќе се тестираат сами двапати неделно, а тестовите ќе бидат бесплатни.

- Невакцинираните студенти ќе мора да прават два лаборатористи теста неделно на нивни трошок (10 евра).

- Невакцинираните патници постари од 12 години ќе мора да имаат брз лабораториски тест не постар од 48 часа пред патувањето.

- Од 13 септември само оние кои се вакцинирани и оние кои имаат симптоми на Ковид-19 ќе можат да прават бесплатни тестови во јавни установи.

- Во затворени места за забави, кафулиња, ресторани, ќе можат да влезат само оние кои се вакцинирани и имаат потврда дека прележале коронавирус.

- Театрите, кината, музеите: во нив можат да влезат и невакцинираните со брз тест не постар од 48 часа.

- Затворени теретани: ќе можат да ги користат вакцинираните лица, оние кои прележале Ковид-19 и невакцинираните со негативен брз тест не постар од 48 часа.

- Во затворени работни простори работодавецот по закон има право да знае дали вработените се вакцинирани.

- Ќе се користат маски во сите затворени и отворени простории каде има собир на луѓе.

Околу шест милиони луѓе од 11 милиони веќе примиле една или две дози против коронавирусот. 

Грција е едно од местата во Европа каде е најкритично и брзо се шири коронавирусот. На ковид мапата Грција е обоена во црвено. 

Слично

Поврзани вести