Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веќе четири дена Грција е под студен бран

Веќе четири дена Грција е под студен бран

Студен бран го зафати јужниот сосед. Многу ниски температури има веќе четврти ден. 

Грција е зафатена од студен бран со несвојствено ниски температури за овој период од годината и можност за локални врнежи од снег, дури и во деловите со мала надморска височина, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

За викендот, ниските температури донесоа и снег во речиси сите делови на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а според прогнозите и во текот на денешниот ден се очекува облачно и студено време, со дожд или лапавица во приморските и ниски области. Најниски температури, до 11 степени под нулата се очекуваат во северна Грција.

Неодамна невремето Филипос придонесе да се затворат училиштата во Атина. 

Слично

Поврзани вести