Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веднаш по кандидатскиот статус, Бесими во посета на Албанија

Веднаш по кандидатскиот статус, Бесими во посета на Албанија
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, само ден откако Албанија доби кандидатски статус за членство во Европската унија, денеска ќе отпатува за Тирана. Според најавата од неговиот Кабинет, таму тој ќе се сретне со министрите за европска интеграција и за надворешни работи, Клајда Ѓоша и Дитмир Бушати. На состаноците ќе се разговара за процесот на европската интеграција на двете земји и на регионот, како и за билатералната соработка во процесот на евроинтеграција. Вицепремиерот Бесими во текот на вчерашниот ден и честита на политичката елита на Република Албанија за придонесот и работата од страна на сите државни структури за добивање на статус на земја-кандидат од Европската унија, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Честитка до албанскиот премиер Еди Рама упати и лидерот на ДУИ Али Ахмети. „Ова големо достигнување е продолжение на успешните постигнувања на сите албанци во регионот кон крајот на минатиот и почетокот на овој век, како на пример Ослободителните војни, Охридскиот Договор, независностa на Косово, како и членството на Албанија во НАТО. Зачленувањето на Албанија во ЕУ е од голема важност за сите Албанци, но и за сите други соседни народи затоа што евроатланскиот интегративен процес претставува единствен пат за траен мир во регионот, добри меѓуетнички и добрососедски односи, стабилност и безбедност, како и економски развој“, пишува Ахмети во честитката. Во неа се нагласува дека одлуката на Европската унија да и додели кандидатски статус на Албанија претставува „охрабрување за сите земји од Западен Балкан“. Советот за општи работи на ЕУ вчера ја прифати препораката на Европската комисија да и додели статус на земја-кандидат за членство на Албанија, иако уште не се прецизира кога оваа земја би можела да ги започне преговорите.        
Слично

Поврзани вести