„Ведел ај-ти“ ќе отвара канцеларии во Скопје
Трговското друшвто за прекуокеански развој од Данска, одлучи да ја прошири својата дејност и да отвори канцеларии во Скопје, пишува „Дневник“.
Новата филијала на компанијата ќе го прошири пристапот на „Ведел ај-ти“ до поголем пазар, така што ќе нуди можности за префрлување на деловните активности на нејзините европски клиенти и во прекуокеански и во блиски земји.
- Силно веруваме дека Македонија и целиот балкански крај се полни со високоталентирани информатички стручњаци, така што можностите за успех во Македонија и за придонесување кон растот на месниот расадник на информатички таленти се многу добри - вели Kрешник Kасами од Македонија, кој е роден, пораснал и се образувал во Данска, и е национален директор на „Ведел ај-ти“ во земјава.
Неговите проценки се дека „Ведел ај-ти Скопје“ ќе расте со најмалку 50 вработени годишно и нагласува дека компанијата наишла на голема поддршка од македонската влада и од деловната заедница.
Слично
