Вечниот Ворен Бафет
Ворен Бафет изјави неодамна дека мисли повеќе од вообичаеното за иднината на компанијата Berkshire Hathaway.
Како и во изминатите години, тој го подготвува годишното обраќање кон акционерите, во кое го смета презентирањето на Berkshire во 2014 година. Бидејќи 2015 година ќе го забележи златниот јубилеј на компанијата со "сегашниот менаџмент", Бафет исто така ја пишува на хартија и својата визија за Berkshire за следните 50 години.
Бафет ја презеде контролата над Berkshire Hathaway во 1965 година, кога компанијата беше текстилна фабрика со сериозни финансиски проблеми. Во следните пет децении милијардерот и бизнис-партнерот Чарли Мангр го прераснаа Berkshire во гиганстка холдинг компанија.
Денес таа има пазарна капитализација од над 355 милијарди долари. Иако осигурителните операции се основната дејност на Berkshire, таа поседува разновидни бизниси, вклучувајќи и бизнис во железницата, трговија на мало и производство на храна.
Во текот на развојот двајцата инвеститори станаа легенди, чии бизнис мантри и афоризми освоија милиони фанови.
Досега писмото до акционерите уште не е завршено. Бафет вели дека напишал 20 000 зборови или околу 30 страници.
Акционерите на Berkshire и заинтересираните за активностите на конгломератот ќе добијат бонус следната година. Мангр исто така ќе ја опише својата визија за развојот на компанијата за следните 50 години.
Средбата на акционерите во 2015 година ќе се одржи на 2 мај во Омаха, Небраска. Се очекува настанот да ја привлече најголемата публика до моментов со околу 40 000 луѓе очекувани гости.
К.К.
Слично
