Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вечерва се отвара „Скопје сити мол“

Вечерва се отвара „Скопје сити мол“
Вечерва со почеток во 19, 30 часот, ќе биде свечено отворен  „Скопје сити мол“,  кој се оче­ку­ва да би­де еден од најголемите трговски центри на Бал­ка­нот, наменет како за македонските, така и за потрошувачите од соседните држави. Најавите се дека во првата година од своето постоење, центарот ке привлече 7,5 ми­ли­о­ни по­се­ти­те­ли. Во објектот кој рас­по­ла­га со 39.000 ква­драт­ни ме­три, при­сут­ни се по­ве­ќе од 140 про­дав­ни­ци ка­де што, за првпат во земјава, ќе се најдат поголем број ре­но­ми­ра­ни свет­ски брен­до­ви, ка­ко  нај­го­ле­ми­те ло­кал­ни тр­гов­ски мар­ки За­ра, Ма­си­мо Ду­ти, Бер­шка, Стра­ди­ва­ри­ус и Пул енд Бе­ар, потоа Спор­твижн, Бур­гер кинг, До­ми­нос пи­ца, Ај стор, Ал­до шуз, Пе­ни блек, Пант Ро­ма, Че­лио, Ви­минс си­крет, Пар­фоа, Гес, Де­зи­гал, Пе­пе џинс, Ворлд оф аксе­со­рис, Афтер­шок, Најн вест, Блан­ко, Тај­ма­ут, Бос оринџ, Марл­бо­ро кла­сик, Ур­бан џангл, Ив Ро­ше, Ми­га­то, Џо­ва­ни Га­ли, Фиш Ро­за­фа. Како новина е отварањето на хипермаркетот Керфур кој најавува дисконтни цени на производите, додека комплексот треба да понуди и повеќе за­бав­ни со­др­жи­ни, мул­тип­лекс ки­но­то со 3Д тех­но­ло­ги­ја на Си­неп­лекс, по­тоа бо­у­линг цен­та­рот за се­меј­на за­ба­ва и де­лов­но дру­ж­ње Бо Бо­у­линг, мно­гу ка­фе-ба­ро­ви, ре­сто­ра­ни, бр­за хра­на, коз­ме­ти­ка, кни­жар­ни­ца, дет­ски кат­чи­ња, по­тре­би за до­ма­ќинс­тво, сер­вис­ни ус­луги и мно­гу дру­ги со­др­жи­ни. По­се­ти­те­ли­те на рас­по­ла­га­ње ќе го има­ат и нај­го­ле­ми­от пар­кинг-про­стор во гра­дот со 1.300 пар­кинг-ме­ста, вклу­чу­вај­ќи под­зем­но ни­во и кат­на га­ра­жа. На де­нот на отво­ра­ње­то, ка­ко и во на­ред­ни­те не­кол­ку де­на, по­се­ти­те­ли­те ќе мо­же да ужи­ва­ат во разновидни активности исполнети со му­зи­ка, настапи, како и активности за де­ца­. Вечерва „Скопје сити мол“, се отвара за ВИП посетителите, од утре и за сите останати.  
Слично

Поврзани вести