Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вечерва опозицијата повторно на улица

Вечерва опозицијата повторно на улица
Сојузот за иднината продолжува со своите редовни активности со цел враќање на демократијата кај граѓаните, информираат од  најголемата опозициска партија СДСМ. Како што стои во соопштението, денеска во повеќето градови низ Македонија, со почеток во 18 часот, ќе се одржат отворените седници на Граѓанскиот Парламент каде, како што велат од СДСМ, ќе се зборува за вистината и вистинските проблеми на граѓаните. Инаку во Скопје, Граѓанскиот Парламент денеска ќе заседава на позната локација, пред „Рекорд“, со почеток во 18 часот. Бранот на протести и собири од страна на опозицијата беше најавен откако Собранието го усвои новиот Буџет, без присуство на пратениците од опозицијата кои претходно, заедно со новинарите присилно беа отстранети од собраниската сала.  
Слично

Поврзани вести