Вечерва одлука во Стразбур: Ќе продолжат ли преговорите за членство на Македонија во ЕУ?
Резулуцијата за напредокот на Република Македонија во 2014 година ќе ја дознаеме вечерва после пленарна сесија во Стразбур која што е закажана за вечерва.
Имено, оваа резолуција помина во Комисијата за надворешни работи, а со неа уште еднаш ќе се бара од Советот на ЕУ да донесе одлука за преговорите за членство со Македонија.
Во Резулуцијата се наведува спорот со Грција околу името, со кој се спречува земјата да напредне во процесот на членство, но и последните случувања со аферата ,,Пуч” – најновата политичка криза.
ЕП има загрижувачки став поради влошената состојба во одностите меѓу Владата и опозицијата и осудува било каков незаконски надзор, повикувајќи на објавувања на сите наводи, како и спроведување на независна истрага за незаконско набљудување со почитување на принципите на транспарентност, непристрасност и пресумпција на невиност, се наведува во резолуцијата.
Во Нацрт-резолуцијата е наведена и загрозеноста на слободата на медиумите, поради самоцензура и практиката на политичка клевета во медиумите.
