Вечерва хуманитарен концерт за помош на Србија и БиХ
Вечерва во салата Борис Трајковски во Скопје ќе се одржи Хуманитарен концерт за помош на погодените од поплавите во Србија и БиХ . Концертот го организира Владата на Република Македонија, а ќе настапат голем број македонски естрадни ѕвезди.
Картите се по симболична цена од 150 денари.
Средствата од хуманитарниот концерт, како и средства кои се планира да се соберат од претстави кои ќе бидат реализирани и изведенни од нашите театари, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија ќе бидат префрлени на посебна жиро сметка во „Борис Трајковски“, а потоа ќе им се предадат на поплавените во Србија и БиХ.
Слично
