Вчера издадени 2.084 потврди за барање азил
Вчера од МВР се издадени потврди на вкупно 2.084 странски државјани, од кои, 1.396 се од машки пол, 231 се од женски, 372 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 85 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.013, Авганистан –631, Ирак-334,додека другите се во помал број.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ ја прифатија на вонредната седница во Брисел одлуката за зајакнување на контролата на надворешните граници на ЕУ и зголемување на хуманитарната помош за соседните држави на Сирија , за да се спречи без преседан прилив на мигранти.
Државните и владините раководители на земјите-членки на Европската унија одлучија да доделат 1 милијарда евра на Агенцијата на ОН за бегалци.
Ова се наведува во финалнаат декларација, подготвена на вонредната средба на врвот на ЕУ во Брисел, која ги одразува краткорочните приоритети на Унијата, претставени од ЕК. На овој начин, лидерите на ЕУ го прифаќаат новиот предлог на Европската комисија, која вклучува поголемо финансирање на Агенцијата за бегалци. Според европски извори, станува збор за 1 милијарда евра, од кои 500 милиони евра доаѓаат од буџетот на ЕУ, предложен од Европската комисија, а останатите пари треба да бидат увезени директно од земјите-членки.
“Имаме обврски, се надеваме дека ќе дојдеме до вкупно најмалку 1 милијарда евра”, рече извор близок до преговорите.
Британскиот премиер Дејвид Камерон веќе најави дека неговата земја ќе даде околу 136 милиони евра а недостатокот на финансирање доведе до тоа, агенциите на ОН и поконкретно Светската програма да ги намалат значително своите активности во камповите за бегалци. Ова доведе до бројни бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа, наместо да остана во овие кампови во очекување ситуацијата во нивните родни земји да се подобри “.
“Овие придобивки треба да одат во Турција, Јордан, Либан, што е можно побрзо, за да може бегалците да не се заведени да доаѓаат во Европа ризикувајќи го својот живот”, рече францускиот претседател Франсоа Оланд. Европски извор посочи дека претседателот на Турција Реџеп Ердоган се очекува да се сретне со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на 5 октомври во Брисел.
