Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ваучер од 150 евра за млади вакцинирани Грци

Ваучер од 150 евра за млади вакцинирани Грци

Младите вакцинирани Грци на возраст од 18 до 25 години ќе добијат електронска припејд карта од 150 евра што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности. Ова мерка денес ја потврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис,

Условот е тие веќе да се вакцинирани, или ќе го добијат овој ваучер кога ќе се вакцинираат, односно преку интернет апликација откако ќе ја примат првата доза. Станува збор за околу 940 илјади млади граѓани на Грција.

Картичката ќе може да се искористи за патувања во Грција, односно ќе може да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или, пак, да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн.

.


Слично

Поврзани вести