Економија, финансии, бизнис

Контакт

Васко Ковачевски: За една недела ќе купиме увозна струја од 3,6 милиони евра

Васко Ковачевски: За една недела ќе купиме увозна струја од 3,6 милиони евра

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, пред медиумите објави дека по добивањето на целосните податоци за изминатиот месец, не е платен ниту еден денар за купување на увозна електрична енергија во октомври за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, иако во планот биле предвидени 10,5 милиони евра за таа намена.

- Во октомври беше планирана набавка на 49.600 мегаватчасови електрична енергија, ние имавме нула набавка на енергија и со тоа не се употреби механизмот од 10,5 милиони евра за купување на електрична енергија, рече Ковачевски.

Првиот човек на ЕСМ рече дека тоа се должи на рационалното работење, на заштедите на граѓаните и на поволните временски услови.

Истовремено најави дека од 7 до 13 ноември ЕСМ ќе купува увозна електрична енергија од приватни снабдувачи за 3,6 милиони евра.

- Ќе се купат 16.800 мегаватчасови за кои од добавувачите добивме известување дека ќе се продава по 215 евра од мегаватчас Тоа се само 3,6 милиони евра само за една недела, потврди Ковачевски.

Слично

Поврзани вести