Василики – совршено мало место за одмор
Кога ќе пристигнете во Василики ќе ви стане јасно зошто многумина го посочуваат како најдобра локација за одмор на Лефкада. Близу до најјужниот 'рт на островот, оваа мала населба претставува идеална за одмор, рекреација и потполно уживање во летните одмори.
Речиси секогаш во Василики дува топло ветре што ги прави инаку доста топлите денови - подносливи и пријатни. Самото градче е сместено во длабокиот залив, кој од двете страни е заграден со високи планини. Целата развиена област е опкружена со зеленило од едната страна и непрегледното синило на Јонското Море од другата страна...Пред Василики се простира една огромна плажа, по целата должина на градчето, со исклучок на делот кај пристаништето.
Но, доколку оваа плажа не ви е доволно убава или пак сакате нешто помирен одмор, се наоѓате на идеална локација за стигнување до најспектакуларните плажи на островот.Најпрочуената плажа во овој дел од светот, Порто Кацики, се наоѓа на само 15 километри од Василики и сѐ што треба да направите за да стигнете до таму е да извозите по добро одржуваниот планински пат, низ густите шуми.
Остануваат уште стотици нешта што можат да се кажат и напишат за Василики, кои секако ќе дополнат уште само мал дел од приказната за ова фантастично место за одмор. 7
