Василакис: Македонија не прави ништо да се реши името од 1995 година
Грчкиот претставник во разговорите за разликите околу името Адамантиос Василакис, по вчерашната средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, за грчките медиуми изјавил дека единствено Грција е таа која сака спорот да се реши.
„Грција сака решение, но другата страна не прави ништо досега и останува на позицијата од 1995 година“, изјавил Василакис за грчката агенција АНА-МПА.
Нимиц вчера по заедничката средба со Василакис и македонскиот претставник Зоран Јолевски им порача на Македонија и Грција дека се потребни засилени напори за да се изнајде решение за деценискиот спор, а тоа е „особено важно во контекст на актуелната безбедносна ситуација во светот“.
Медијаторот изрази подготвеност на почетокот на јули да ги посети двете земји.
Слично
