Вашингтон: ММФ предвидува бавно закрепнување на македонската економија!
Македонија: Оптимизам за економскиот раст, долгот во пораст
Според стапката на економски раст, во регионот пред Македонија е Косово, економија која годинава ќе има раст на БДП од 3,9 %, со тенденција тој да се зголемува во следните години и во 2019 та да достигне стапка од 4,5%. Косово 3,9% Албанија 2,1%Црна Гора 2,8%
Србија 1,0% Турција 2,3% Македонија според проекциите на ММФ годинава ќе оствари раст од 3,2% што е за 0,2 процентни поени повеќе од јануарските проекции. Еве како ќе се движи растот на економијата според ММФ: 2014 3,2% 2015 3,4% 2019 4,0% Зад Македонија според економскиот раст заостануваат Србија, Бугарија, Босна и Црна Гора. Хрватската економија и натаму останува најранлива и во оваа 2014 та година со негативна стапка на БДП од -0,6%. Најбрзо темпо на раст во регионот се очекува од Србија, која во 2019 та година ќе испорача стапка на раст од 4% , исто како и Македонија. Невработеноста бавно ќе се намалува Во делот од Извештајот на ММФ посветен за Македонија се прогнозира бавно намалување на стапката на невработеност, така за годинава таа ќе изнесува 28,9% додека намалување под 26 проценти се очекува во 2017 та година. Според прогнозите на ММФ, долгот на општата Влада и натаму ќе расте. За годинава ММФ предвидува долг на општа влада од 35% од БДП, со тенденција на натамошен раст. Така во 2018 та година според ММФ долгот ќе достигне скоро 40% од БДП.Според аналитичарите на ММФ годинава на глобално ниво се очекува раст на светската економија од 3,6%, при што позитивни стапки се очекува за моќните развиени економии. Еврозоната, по ланската рецесија од -0,5 сега се очекува да влезе во позитивна зона со стапка на раст од 1,2%.
„Глобалното закрепнување се очекува да зајакне, предводено од развиените економии. Растот на новите пазари и економии во развој да има поскромен придонес. За напредните економии се предвидува подобра перспектива, сепак важно е да се напомене дека ризиците остануваат, а тие се препознаваат во сеуште присутното општо забавување на новите пазари како и во пониските стапки на инфлација во однос на очекуваните во развиените економии. Дел од ризиците се лоцираат и во нецелосните реформи како и во зголемувањето на геополитичките тензии“ - пишува во извештајот на ММФ и се додава:
“Загрижувачкиот развој навестува надолни стапки на раст во некои од брзорастечките економии како Русија, Бразил , Јужна Африка и Турција кој се должи на внатрешните политички слабости, построгите внатрешни и надворешни услови“.
Годинава и догодина според ММФ, невработеноста ќе се намалува во еврозоната и во водечките светски економии Америка, Велика Британија и Јапонија.
И.Г.