Вашингтон ќе добие протестна нота од Македонија
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска го повика на разговор заменик-амбасадорот на САД во земјава за да му врачи протестна нота поради изјавата на новоизбраниот американски амбасадор во Скопје Џес Бејли.
При неговото сослушување во Сенатот, Бејли истакнал дека најбројни народи во Македонија се „Словените“ и Албанците.
„Министерството за надворешни работи реагира на несоодветната употеба на терминот “Словени” од страна на новоименуваниот Амбасадор на САД во РМ, при неговото сослушување во Сенатот. Во овој контест, во МНР ќе биде повикан заменик амбасадорот на САД за да му биде пренесено нашето незадоволство од ваквиот акт“, соопшти вчера МНР.
Слично
