Вашингтон „искаран“ заради изјава на новиот амбасадор
„Ваквото ословување го доведува во прашање идентитетот и ги повредува чувствата на македонскиот народ. Едновремено, несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации на надворешен и внатрешно-политички план“, стои во официјалната протестна нота што денеска во македонското Министерствот за надворешни работи му беше предадена на заменик-амбасадорот на САД во земјава.
Повод е именувањето на припадниците на македонското мнозинско население како “Словени“ од страна на новоименуваниот амбасадор на САД во Република Македонија,Џес Линпинкот Бејли, во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат при неговото сослушување оддржано на 17 септември 2014г.
Во МНР изразиле загриженост поради ова ословување, кое се смета за „несоодветно“.
Изјавата на Бејли, кој наскоро треба да ја преземе амбасадорската функција во Македонија, предизвика остри реакции во македонската јавност.
Слично
