Економија, финансии, бизнис

Контакт

Варуфакис тврди дека тајно го снимал самитот во Рига во април

Варуфакис тврди дека тајно го снимал самитот во Рига во април

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис е „со едната нога“ надвор од власта, пишува „Вима“, откако во интервју за „Њујорк тајмс“ тој најавил дека ја има снимено на електронски уред средбата на Еврогрупата во Рига во април.

[button color="red" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/21/varufakis-tempirana-bomba-vo-kabinetot-na-tsipras/" target="blank" ]Варуфакис – темпирана бомба во кабинетот на Ципрас[/button]

За американското издание Варуфакис раскажува дека не е точно дека на самитот во Рига бил навредуван од останатите европски финансиски министри и додава дека има запис, кој сепак нема да го прошири поради правилата за доверливост.

Весникот „Вима“ коментира дека ако Варуфакис всушност ја снимил средбата, која е од доверлив карактер, тој тешко може да се задржи на функцијата.

Германскиот весник „Ханделсблат“ нагласува дека односите на Варуфакис со неговите европски партнери биле веќе многу лоши. Таквите записи не се само недозволиве, но и забранети, забележува весникот, повикувајќи се на претставник на еврозоната.

Во секој случај, сепак вакво нешто не помага за излезот на преговорите, кои Атина ги води со кредиторите за деблокирање на финансиската помош за земјата.

Касите во Грција во моментов се  „празни“ и властите бараат три милијарди евра за исплата на пензии, алармира весникот „Етнос“.

Според изданието црната дупка во касите за оваа година се пресметува на два милијарди евра. Нивните потреби во моментов би изнесувале 900 милиони евра.

Раководствата на касите френетично бараат свежи пари за да можат да ги исплатат во рок пензиите и другите социјални бенефиции, забележува весникот.

Веста доаѓа во време на синоќешната средба на премиерот Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд во рамките на форумот на врвот на Источното партнерство во Рига.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/22/bez-dogovor-po-dvochasovnite-pregovori-merkel-tsipras-oland/" target="blank" ] Без договор по двочасовните преговори Меркел-Ципрас-Оланд[/button]

Весникот „Катимерини“ пишува дека Меркел и Оланд му рекле на Ципрас да стори сé за да се договори со кредиторите. Во друга публикација весникот го цитира германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој повторно тврди дека грчката влада не смее да биде толку оптимист за постигнување на договор со кредиторите, нагласувајќи уште еднаш дека не ја исклучува можноста Грција да западне во банкрот.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/21/shojble-ne-ja-iskluchuva-mozhnosta-za-bankrot-na-grtsija/" target="blank" ]Шојбле не ја исклучува можноста за банкрот на Грција[/button]

Весникот „Етнос“ ја дефинира како „конструктивна“ атмосферата на средбата Ципрас-Меркел-Оланд. Се тврди дека Меркел и Оланд се обврзале да соработуваат за договор меѓу Атина и нејзините кредитори.

Весниците пишуваат уште дека грчкиот премиер денеска во Рига ќе има средба со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. И се очекува на средбата да биде разгледан Развојот на преговорите со Грција.

Слично

Поврзани вести