Варуфакис создава “Алијанса за Европа”, во којa и германските конзервативци се добредојдени
Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис сака да создаде непартиен проект "Алијанса за Европа", во кој и германските конзервативци ќе бидат добредојдени.
Проектот треба да биде надпартиен каде ќе има место за секој кој мисли проевропски и сака да ја оживее демократијата во Европа, вели Варуфакис пред "Шпигел".
Покрај конзервативците, како нагласува поранешниот министер за финансии, поканета да учествува во проектот е и Демохристијанската унија на Ангела Меркел, пишува Expert.bg.
Варуфакис е убеден дека неговите противници сакаат да го победат, бидејќи тој е вистински лев радикален Грк, но пред сè нагласува дека тој е вистински Европеец. Поранешниот министер за финансии е загрижен европскиот континент да не "падне во рацете" на антиевропејците каква што е на пример Мари Ле Пен. Иако Варуфакис не експлицитно кажал, според списанието негов партнер во Германија е Оскар Лафонтен. Поранешниот лидер на Социјалдемократската партија Лафонетн, за кого може да се каже дека е еден од ретките автентични социјалдемократи, на кого исто така му се припишува и "лов" во десничарски води, остро ги критикуваше реформите на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Варуфакис прецизира уште дека разговарал со Лафонтен и дека ќе се сретне политичарите на германската левица.
