Економија, финансии, бизнис

Контакт

Варуфакис: Ризикот Грција да ја напушти еврозоната не е блеф

Варуфакис: Ризикот Грција да ја напушти еврозоната не е блеф

„Ризикот Грција да ја напушти еврозоната, ако треба да прифати уште мерки за штедење, не е блеф“, изјавил грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, додавајќи дека никој не може да предвиди какви ќе бидат последиците од таквиот исход.

Во разговор со норвешкиот филозоф Џон Елстер, направен во крајот на март и објавен во француско списание, Варуфакис вели дека не е време да се блефира околу преговорите за долгот на Грција.

„Не може да се блефира повеќе. Кога велам дека ќе завршиме со тоа што ќе ја напуштиме еврозоната, ако треба да прифатиме уште нестабилно штедење, тоа не е блеф“, изјавил Варуфакис.

На прашањето што ќе се случи ако Грција ја напушти еврозоната и се согласуваaт ли со европските политичари, според кои ефектот на зараза може да се избегне, Варуфакис изјавил дека последиците ќе бидат непредвидливи.

Слично

Поврзани вести