Варуфакис: Пет години еврозоната е комедија на грешки
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис остро ја критикуваше применетата политика на драстични штедење и долготрајноста на преговорите со меѓународните кредитори во Грција во последните пет години, .
Варуфакис изјавил дека Европа има многу лош систем на управување. „Ова не е вистинскиот начин да се раководи една монетарна унија. Ова е пародија. Тоа е комедија на грешките од веќе пет години“, изјавил министерот за финансии за „BBC News“.
„Програмата која и ја наложија на оваа земја (Грција) и која сакаат да ја продолжат со наметнување, ќе се запамети како најголем неуспех во историјата на економијата“, додал тој.
„Договор ќе се постигне, без разлика дали од гласачите ќе излезе „Да“ или „Не“, додал уште Варуфакис“. Ако е „Да“, ова ќе е лошо за договорот, банките ќе се отворат под лош договор. Ако победи „Не“ ќе имаме друг договор, што ќе биде остварлив. Нешто од ваков вид на предлозите кои ни беа направени во последните денови“, додал тој.
Министерот за финансии ги повика Грците да гласаат против планот на доверителите на неделниот референдум, кој може да одлучи за иднината на Грција во еврозоната. Вчера тој јасно даде до знаење дека ќе поднесе оставка ако референдумот го освои одговорот „Да“.
„Подобро да си ја искршам раката, наместо да потпишам договор кој не вклучува реструктуирање на долгот“, изјави тој за „Bloomberg“.
