Варуфакис оптимист, договор ќе има
Грција ќе постигне договор со меѓународните кредитори, иако тоа можеби нема да се случи на претстојниот состанок со министрите за финансии на еврозоната, изјавил денес грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
„Ќе има договор, сеопфатена спогодба ...Меѓутоа, тоа не значи дека спогодбата ќе биде на Еврогрупата во петок“, рекол Варуфакис пред новинарите во Атина.
Грлкиот министер за финансии рекол дека постојат јасни знаци на приближување.
Говорејќи за преговорите, Варуфакис неодамна рече дека ММФ бара „дерегулација на пазарот на труд“, за кој рекол дека веќе е погоден со длабока рецесија во текот на должничката криза.
Прописите за труд и пензиски реформи претставуваат спорни точки во разговорите кои траат со месеци.
Слично
