Варуфакис: Медиумите шират лажни информации за преговорите
Министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис ги обвини медиумите за ширење на лажни информации во врска со преговорите на грчката влада со меѓународните кредитори, главно за тврдењето на неподготвеноста или неспособност на Атина за да ги одржи економските реформи.
„Реалноста во преговорите е сосема друга. Нашата влада многу сака да ја оствари програмата, вклучувајќи ги сите економски реформи кои европските експерти ги сметаат за главни. И ние сме во состојба да ја обезбедиме поддршката на јавното мислење во Грција за ефикасна економска програма“, изјавил министерот во статија објавена во италијанскиот бизнис весник „Il Sole 24 Ore“.
Варуфакис нагласува дека главна пречка во преговорите со меѓународните кредитори е стремежот им ја принудат Грција да продолжи со политиката на строги економски ограничувања, која, според него, само ќе го блокира развојот и растот на грчката економија.
Претходно денеска претставник на Меѓународниот монетарен фонд изјавил дека планот на Грција за антикризни мерки е неприфатлив.
