Економија, финансии, бизнис

Контакт

Варуфакис: Јас го давам тонот на преговорите

Варуфакис: Јас го давам тонот на преговорите

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека сеуште е одговорен за грчкиот тим кој ги води преговорите со меѓународните кредитори, независно од неодамнешните пораки за неговото отстранување.

„Да, јас го давам тонот . Сеуште сум одговорен за преговорите со еврогрупата“, рече Варуфакис во интервју за германското издание „Ди Цајт“.

„Јас сум поддржан од различни владини членови, вклучувајќи го и мојот добар пријател Евклид Цакалотос. Фактот дека некои медиуми ги презентираат работите така дека тој ме заменил само докажува колку ниско потонале новинарските стандарди“, рече уште тој.

Во понеделникот грчкиот премиер Алексис Ципрас, објави дека ќе има промени во тимот, кој води ги преговорите, и како ќе биде создаден „политички тим за преговори“, кој ќе биде под водство на заменик-министерот за надворешни работи на земјата Евклид Цакалотос.

Слично

Поврзани вести