Варуфакис: Германија развива конкретни планови за „Grexit“
По својата изненадувачка оставка, која ја поднесе во понеделникот по одржаниот во неделата референдум, поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис упати сериозни обвинувања кон Германија.
Финансиерот тврди дека Германија намерно има за цел Грција да излезе од еврозоната и има развиено конкретни планови за „Grexit“, пренесува „DPA“, повикувајќи се на грчкиот весник „Proto Thema“.
Сепак Варуфакис го пофалил експлицитниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле.
„Тој е единствениот министер за финансии на еврозоната, кој има конкретни претстави и ги прави намерно“.
Грчкиот политичар кој во моментов е пратеник од Сириза, е убеден дека токму Шојбле е една од причините за неговата оставка. Тој и другите колеги од еврозоната биле замолени Варуфакис да не е дел од преговорите со кредиторите. Сепак тој ќе продолжи да и помага на Грција како пратеник.
За исходот на разговорите Варуфакис не дава никаква прогноза, туку само неколкупати изјавува на англиски јазик „no comment“.
