Варуфакис денес на средба со раководството на ММФ
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денес ќе се сретне со директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард во Вашингтон.
Посетата на Варуфакис е поврзанa со истекувањето на 9 април краен рок во кој Атина треба да плати 460 милиони евра за надворешниот долг. Лагард и Варуфакис ќе одржат неформален разговор за грчката програма за реформи, од која зависи доделувањето на нова финансиска помош од страна на Фондот.
Тоа сепак нема да биде единствената средба на Варуфакис на високо ниво. Тој ќе разговара и со заменик-министерот за финансии на САД Натан Шитс, како и со советникот на американскиот претседател Барак Обама за меѓународните економски прашања и националната безбедност на САД Каролин Аткинсон.
