Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вархеји најавува намалување на цената на роамингот помеѓу ЕУ и Западне Балкан

Вархеји најавува намалување на цената на роамингот помеѓу ЕУ и Западне Балкан

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска најави намалување на цената за роаминг за телефонски повици помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија.

„Добра дискусија со телеком операторите од Западен Балкан денес за да се унапреди намалувањето на трошоците за роаминг меѓу регионот и ЕУ. Подготвени сме да ги поддржиме инвестициите за да го направиме ова реалност“ објави тој на Твотер.

Од 1 јули годинава корисниците воопшто не плаќаат за користење на роаминг услугите во рамките на шесте земји на Западен Балкаб. На сила стапи целосно „Роаминг како дома“, по примерот на земјите од Европската Унија.

Овој договор беше предуслов за почеток на процесот за намалување на цените за роаминг и со ЕУ. Целта е да се дојде до драстично намалување и на крајот укинување на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.


Слично

Поврзани вести