Вархеји ги смирува страстите за нон пејперот кој предвидува поделба на Косово
За нон пејперот кој неодамна се појави зборуваше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска престојуваше во Тирана.
Вели дека се работи за невистини и дека нон пејпер не постои.Тој додава дека ниту една сериозна личност не би поставила ваква тема за дискусија.
„Интересно е кога ги слушаме овие вести, иако сме убедени дека тоа се лажни вести. Но, доколку беа вистинити ќе беа вознемирувачки зашто повторното обележување на границите сите знаеме кон што не води. Не се согласуваме со ниту еден дел од тоа и не мислам дека се вистински и реални овие идеи“, изјави Вархеји, пренесува Топ чанел.
Овој нон пејпер имаше многу прецизни точки за тоа како ќе биде поделено Косово. Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека тој нон пејпер најверојатно го напишала жена и веќе се сомнева на одредена личност која добро ги познава работите на Косово. Претходно, имаше и друг нон пејпер кој ја вознемири БиХ. Тој предвидуваше нејзина поделба. ЕУ и САД се изјаснија дека се против промена на границите на Балканот.Денеска и турските власти се изјаснија дека нема да поддржат такво нешто во регионот.
Слично
