Ванковска: Стоиме пред храмот на демократијата за да побараме пристоен дојалог
Паралелно со седницата на која пратениците го разгледуваат Предлог – законот за измени во високото образование претставници од професорскиот и студентскиот пленим одржуваат заседание токму пред зградата на Собранието на Република Македонија.
На отворениот пленум професорите и студентите уште еднаш го искажаа јавно својот револт поради реформите во високото образование и побараа повлекување на Предлог – законот, како и отворање на поширока јавна дебата.
„Стоиме тука како претставници на храмот на науката, храмот на знаењето - универзитетот. Ние професорите и нашите студенти стоиме пред храмот на демократијата. Фактот дека стоиме под отворено небо во вакви временски услови покажува дека двата храма до овој момент не најдоа начин за пристоен дијалог и низ конструктивен дијалог и сослушување на сите засегнати страни да дојдеме до заеднички решенија на високото образование. Ние сме свесни за сите проблеми, но баравме да не сослушаат“, рече професорката Билјана Ванковска.
Според неа, изјавата на премиерот дека универзитетските професори се плашат од реформите според кои треба да објавуваат научни трудови е навредлива за универзитетските професори и обид да се стават во дефанзива.
„Нас не не интересира која партија е на власт, ниту пак оваа Влада да падне за да дојде некоја друга. Одбиваме да не вплеткуваат во нивните политички игри. Нас не интересираат исклучиво студентските права“, истакна Владимир Делов од Студентскиот пленум
Слично
