Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванковска и Силјановска ќе ја тужат Алсат М за нарушен углед во академската заедница

Ванковска и Силјановска ќе ја тужат Алсат М за нарушен углед во академската заедница
Професорките Билјана Ванковска и Гордана Силјановска-Давкова најавија тужба за клевета против Алсат М, oдносно за прилогот Саботажа на Среќко Поповски која се емитува на Алсат М Телевизија. Овие две професорки од скопскиот универзитет „св Кирил и Методиј“ сметаат дека нивниот углед е нарушен, затоа што во саботажата на Алсат М, биле препознаени како дел од професорите за кои се зборува на снимките што ги објави опозицијата. Ванковска бара и СДСМ да објави се што има за двете професорки, како би се запреле шпекулациите што одат во јавноста. vankovska Инаку на социјалните мрежи и во дел од медиумите се шпекулираше дека двете професорки се оние „ кои ги кревале од кревет за да гостуваат по телевизии“, односно станува збор за дел од разговор каде наводно Јанкуловска зборува дека некои професори би требало да се наградат поради лојалноста кон партијата.  
Слично

Поврзани вести