Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванковска ги собра „лајковите“, ќе се кандидира ли за претседател?

Ванковска ги собра „лајковите“, ќе се кандидира ли за претседател?
Професорката Билјана Ванковска ја доби посакуваната поддршка на социјалната мрежа „Фејсбук“ за да се кандидира за претседателка на Македонија на претстојните избори. Ванковска вети дека сериозно ќе ја разгледа можноста да се кандидира како независен кандидат на претседателските избори годинава, доколку добие 2.000 „лајк“-а на нејзиниот статус на „Фејсбук“. За само неколку часа идејата на професорката веќе ја поддржаа повеќе од 2.000 нејзини пријатели и следбеници на оваа социјална мрежа. „Се слушнаа голем број коментари дека меѓу досега споменуваните можни кандидати за претседател на РМ нема ниту една жена, а дека сите се/ќе бидат партиски определени или блиски до партиите. Да не зборувам за „консенсуалниот кандидат“… Мнозина, и на ФБ и на улица, ми велат „професорке, што не се кандидирате?“. Прашувам конкретно: колкумина од вас ќе стават лајк на идејата да соберам 10.000 потписи за независна кандидатура?“, праша Ванковска утрово на „Фејсбук“. Неколку кандидати веќе најавија дека имаат намера да трчаат на претстојните претседателски избори во Македонија. Најголемите партии се уште не откриле кого ќе поддржат во трката. Меѓу познатите имиња кои ќе влезат во претседателска трка, за сега нема ниту една жена.
Слично

Поврзани вести