Вања Лазарова ќе добие национална пензија откако ќе добие државна награда
Вања Лазарова досега не можела да добие национална пензија затоа што немала добиено една од државните награди како 11 Октомври, 23 Октомври и 8 Декември, појасни министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која денеска ја посети македонската музичка легенда Вања Лазарова во Домот за нега на стари лица „Милица“ во Кисела Вода.
„Национална пензија не се добива со иницијатива или предлагање. Тоа следува по автоматизам доколку некој освоил една од државните награди“, рече министерката.
Продукцијата „Трето уво“ ги собрала материјалите за целокупното творештво на Вања Лазарова и ги доставило до Одборот за наградата за животно дело „11 Октомври“. По добивањето на оваа награда, таа ќе стекне право на национална пензија.
Канческа-Милевска сепак без конкретен одговор зошто на Вања Лазарова досега не и е доделен статусот национален уметник, за кој има постапка за пријавување. Лазарова се пријавила на конкурсот, но била одбиена. Секоја година еден уметник ја понесува титулата национален уметник на Реублика Македонија.
Посетата на министерката во Домот за стари лица, каде што престојува Вања Лазарова, уследи откако група граѓани преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на македонската музичка легенда.

Слично