Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вања Лазарова – добитник на наградата за животно дело „11-ти Октомври“

Вања Лазарова – добитник на наградата за животно дело „11-ти Октомври“
Вања Лазарова, македонската музичка легенда, е добитничка на овогодинешното признание за животно дело „11-ти Октомври“. Наградата по автоматизам и го отвора патот на Лазарова за државна пензија, која наскоро треба да започне да ја прима. Институциите реагираа откако на тоа ги поттикна граѓанска иницијатива со која се бараше доајенот на македонската народна песна да добие заслужено признание за нејзиното богато музичко творештво. На денешното доделување на признанијата, Лазарова беше придружувана од членови на потесното семејство, како и од управителките на Домот за згрижување стари лица „Милица“, кои изминатите, скоро две години, се грижеа за неа без никаков надомест, поради огромната почит кон неа, но и поради тоа што нејзината пензија од осум илјади денари не и ги покриваше трошоците. Државната пензија што ќе ја добива сега изнесува 35.000 денари.
Слично

Поврзани вести