Ванхауте во отворена војна со ВМРО-ДПМНЕ: Каде е музејот на ВМРО, го нема во мојот водич?
Несогласувањата на власта со белгискиот посредник во преговорите, излегоа од контрола, откако владечката партија ВМРО-ДПМНЕ вчера ги прекина преговорите со Питер Ванхауте .
Имено, од партијата на Груевски вчера изјавија дека Ванхауте за нив е само турист во земјава и веќе нема да учествуваат на состаноци со него.
„ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ван Хауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.” -стои во соопштението на партијата.
После неколку часа, на социјалната мрежа Твитер, се огласи и самиот посредник. Тој на Твитер напиша:
„Планирам да напишам Туристички водич, прв за Скопје. Размислувајќи како турист, гладен за историја. Каде се наоѓа Музејот на ВМРО, го нема тоа во мојот водич“.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/701549555582689281[/embed]Во меѓувреме и меѓународниот фактор препорача едногласно да не се оди на избори на 24 април, во услови кога не се исполнети стандардите за организирање фер и демократски избори.
Иако беа експлицитни во својата објава, и Бејли и Орав, а неочекувано и Хан, првичната реакција на ВМРО ДПМНЕ односно Илија Димовски, а потоа и соопштението што беше пратено не остава простор да се верува дека меѓународната ќе биде послушана. Ако до утре не се преиначи одлуката за распуштање на парламентот, тоа ќе значи дека избори сепак во април ќе има.
Утре е последен рок за пратениците да ја сменат одлуката за распуштање, во спротивно таа стапува на сила следниот ден. Простор за многу договарање и маневар нема, а острината на речникот на претставнциите н а ВМРО ДПМНЕ навестува избори во април. Прво, таква беша објавата на Илија Димовски, а второ го прогласија ВанХауте за личност со која веќе нема да одат на состаноци.
[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/22/ako-utre-parlamentot-ne-izglasa-poinaku-izborite-sepak-na-24-april/" target="blank" ]Ако утре парламентот не изгласа поинаку, изборите сепак на 24 април![/button]
