Ванхауте:Владата да даде оставка, Иванов треба да ја повлече аболицијата
Поранешниот белгски преговарач, Питер Ванхауте смета дека решението за кризата во Македонија, не е во бескрајни правни расправии во Парламентот или во уништување на остатоците од договорот од Пржино.
Тој вели дека треба да се престане со интерпретација на законот и Уставот, менување на законодавството за да се преправаат дека ги решаваат проблемите. Според него, Владата треба да даде оставка со оглед на тоа дека е најмногу одговорна за актуелната ситуација.
„Секое решение започнува со волја за решавање на кризата. Во ситуацијата не е потребно повеќе театар, туку решенија“ - напиша на Фејсбук Ванхауте.
Според Ванхауте, треба да се формира експертска влада со цел да ја врати демократијата.
Тој наведува дека Иванов треба да ја повлече аболицијата, а СЈО да си ја врши својата работа без опструкции.
