Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванхауте: Влада без ДУИ е Влада без мнозинство

Ванхауте: Влада без ДУИ е Влада без мнозинство

Питер Ванхауте, поранешниот меѓународен посредник во политичката криза синоќа на Фејсбук напиша статус во кој ги коментира последните случувања на политичката сцена и оставките на министрите од ДУИ.

Тој смета дека со „непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобри демократијата, туку тоа ќе биде погреб на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава“.

„Една нова пресвртница за дисфункционалната демократија. Замислете, една Влада, каде што еден од коалициските партнери си поднесе оставка. Премиерот молчи. Претседателот на најголемата партија тврди дека: „Тие можат да ги пополнат отворените места кога сакаат.” Според Договорот за Пржино, СДСМ ќе добие некои министри и заменици министри во Владата, а не целосно да учествува како коалициска партија, туку за контрола на клучните области на Владата во врска со изборите. Заклучок: Влада без ДУИ е Влада без мнозинство. Што ќе се случи во нормален демократски систем? Премиерот дава изјава за јавноста, признавајќи дека постои политичка криза. Премиерот веднаш се упатува кон Парламентот и нуди оставката на Владата или премиерот бара гласање на доверба за да се види дали има мнозинство во парламентот кое сè уште ја поддржува Владата“ - коментира Ванхауте.

Тој додава дека премиерот не реагира воопшто, а тоа не е нормално за една демократска држава. Ванхаутре вели дека државата ја води партија, а не Влада. Принципот за одвојување на партијата од државата не се почитува, смета тој.

Слично

Поврзани вести