Ванхауте твитна: Уште една еднострана одлука!
Уште една еднострана одлука и нема реформи, напиша Ванхауте на социјалната мрежа Твитер, каде повторно пораките беа испратени со симболичните мачки.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/702266813258850304[/embed]„Ни треба план за реконструкција на катастрофата“ стои во пораката упатена од Питер Ванхауте .
Имено, овој Твит се поврзува со одлуката на Собранието за распуштање на Парламентот.
Вечерва без дискусија Собранието ја изгласа Предлог одлуката на ДУИ и ДПА за измена на одлуката за распуштање на Парламентот.
Според новата одлука, изгласана со 83 гласа „за“ и три гласа „против“ Собранието ќе се распушти на 7 април, односно 60 дена пред избори, со што се поништува одлуката за избори на 24 април, а новиот датум е 5 јуни.
Слично
