Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванхауте:Треба да запре секој обид за опструкција на работата на СЈО

Ванхауте:Треба да запре секој обид за опструкција на работата на СЈО

За некои работи не може да се преговара, пишува поранешниот белгиски посредник Питер Ванхауте на својот профил на Фејсбук.

„Не може да се преговара за итното повлекување на аболицијата, за одлуката за одложување на изборите, зашто тие не можат да бидат слободни фер. Исто така не може да се преговара за работата на Специјалното јавно обвинителство и тоа треба да се остави да работи без пречки. Треба да запре секој обид за опструкција на работата на СЈО“- напиша Ванхауте на Фејсбук.

Ако се исполнат овие услови, можни се натамошни преговори за формирање експертска Влада и договор за програмата на таквата Влада, смета тој.

Слично

Поврзани вести