Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНХАУТЕ СО СИЛНА ПОРАКА НА ТВИТЕР: Сетете се на демократијата!

ВАНХАУТЕ СО СИЛНА ПОРАКА НА ТВИТЕР: Сетете се на демократијата!

Во пресрет на објавувањето на проценката за одржувањето на предвремените избори во април, која треба да ја објават ЕУ и САД, медијаторот Питер Ванхауте на социјалната мрежа Твитер упати силна порака, посочувајќи „да се сетиме на демократијата“.

Во пораката која сами ја гледате подолу Ванхауте порачува „Демократијата бара компромис – бара разумни луѓе – бара здрав разум – бара компетентни политичари – бара да се биде во служба на народот!“

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/700590113382793217[/embed]

Денеска е клучен ден за одржувањето на априлските избори! ОБСЕ, ОДХР и ДИК ќе пресудат за нив ..

Се чека Меѓународната заедница да се изјасни по прашањето дали се исполнети условите за одржување на изборите во април, а првите сигнали се дека истите се условени со имплементацијата на договорот од Прижино при што имајќи ја предвид моменталната ситуација, партиите сѐуште се без договор за регулацијата на медиумите.

И синоќешните преговори на работните групи пропаднаа. Средбата заврши безуспех, и истата ќе продолжи денеска.

Со посредство на олеснувачот Питер Ванхауте работните групи повторно ќе седнат на преговарачка маса во Клубот на пратеници.

Аналитичарите пак  со поделени мислења. Додека едни сметаат дека изборите, со или без опозициската СДСМ мора да оддржат, други велат дека процесот ќе се одложи а владеачката Вмро-Дпмне да ја повлече одлуката за распуштање на парламентот.

[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/19/ne-odlozheni-izbori-mozhni-stsenarija-shto-po-24-april/" target="blank" ](НЕ)ОДЛОЖЕНИ ИЗБОРИ: Можни сценарија – што по 24 април?[/button]

Слично

Поврзани вести