Ванхауте: Партиите не сакаат да продолжат со преговори
Белгискиот посредник Питер Ванхауте, за Алсат М изјави дека нема да има преговори за медиумите, бидејќи работните групи не се заинтересирани да продолжат.
- Мислам дека нема да има средба на работните групи пред изборите. Ако една партија одбива да учествува на преговорите, бидејќи не им се допаѓа консензуалниот пристап и тоа партиите да се договорат за едно прашање, тогаш не гледам причина работната група да се состане. Проблемот со расправата за ова прашање во Собранието се однесува на тоа што на крајот сè зависи од мнозинството, а не од консензусот меѓу сите политички партии, вели Ванхауте.
Слично
