Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванхауте: Партиите имаат фора уште ден два за договор инаку ќе нема избори

Ванхауте: Партиите имаат фора уште ден два за договор инаку ќе нема избори

На брифингот пред новинарите меѓународниот олеснувач Питер Ванхоуте порача дека ако политичките партии не најдат решение за Државната изборна комисија и истата не се формира тогаш во април нема да има избори.

Тој ги повика лидерите да најдат решение и да постигнат договор нагласувајќи дека ако не се реши прашањето со ДИК до ноември тогаш најверојатно избори нема да се одржат.

Белгискиот олеснувач изјави дека состојбата во земјава е премногу сериозна а парламентот го оцени како недемократичен и нефункционален притоа изразувајќи дека работата на судовите и проблемот со целокупниот државен систем е премногу загрижувачки

Ванхауте уште еднаш им порача на лидерите да не го одолговлекуваат договорот, и дека имаат уште два до три дена да покажат напредок доколку тоа не биде постигнат тогаш Македонија ќе се соочи со уште поголема криза.

Слично

Поврзани вести