Ванхауте: Македонија не е подготвена за избори
Европскиот олеснувач во преговорите, Питер Ванхауте во интервју за порталот индекс 7, изјави дека на 5 јуни не постојат услови за оддржување на слободни и фер избори во Македонија.
Образложува дека тоа не е можно поради неисполнувањето на дел од точките од пржинскиот договор, како што се медиумите и избирачкиот список.
„Владеачката партија не сакаше да се откаже од контролата врз ова регулаторно тело“- вели Ванхауте.
Ванхауте си заминува од функцијата, но не ја напушта земјата. Во недела на 27 март и формално завршува мандатот на медијаторот на Европската Унија во Македонија, а денеска е практично неговиот последен работен ден.
За постигнатото на преговорите на работните групи објаснува дека делумно е задоволен и дека сè уште останува многу работа.
Тој во вторникот доби одликување од амбасадорката на Кралството Белгија „Офицер во кралскиот ред“. За одликувањето кажа дека му е многу драго, затоа што малкумина го добиваат.
Слично
