Ванхауте: Изборите на 5 јуни се неостварлив сон
На денешната тркалезна маса насловена како „Нов приод за Македонија: Морковот и стапот за решавање на политичката криза“ освен граѓанскиот сектор присуствуваа белгискиот посредник во преговорите со партиските лидери Питер Ванхауте и поранешниот медијатор во Македонија, Питер Ванхауте.
На овој настан уште еднаш децидно беше кажано дека изборите на 5 јуни се невозможни и се само далечен сон.
„Не се исполнети условите и избори на 5 јуни нема да има, тоа е многу јасно“ изјави децидно Ванахуте.
Ванхауте при својот престој во Македонија, како што вели, видел една огромна дисконекција - од една страна политичарите кои се сметаат себеси за елита и кои се одалечени од реалноста и од друга страна граѓанскиот сектор, кој ги слуша и живее со проблемите на народот.
Тој ги потенцираше синдикатите како најнефункционален дел од нашето граѓанско општество и упати критики до власта која како што рече не сакала во носењето одлуки да вклучува претставници од граѓанскиот сектор .
Со ист став е и поранешниот медијатор Ерван Фуере.
„Европската унија треба да инсистира на повлекување на аболицијата. Има како, тоа е сигурно. Ако аболицијата не сака да ја повлече претседателот, Парламентот сигурно може“, истакна Фуере. Фуере јавно запраша и зошто ЕУ и САД се уште не испратиле писмо до премиерот, онака како што направија на 22 февруари, во кое јасно ќе кажат дека условите не се исполнети и дека треба да има одложување на изборите.