Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНХАУТЕ И ФУЕРЕ СО ИСТ СТАВ: Избори на 5 јуни не се можни

ВАНХАУТЕ И ФУЕРЕ СО ИСТ СТАВ: Избори на 5 јуни не се можни

Поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава Ерван Фуере и белгискиот посредник во преговорите од Пржино Питер Ванхауте делат речиси идентичен став во однос на изборите.

И двајцата велат дека во вакви околности, изборите само ќе ја продлабочат кризата.

Фуере и Ванхауте беа дел од денешната трибина „Трибунус цивилис“ откаде во изјавите за медиумите уште еднаш порачаа дека  претседателот Ѓорѓе Иванов мора да ја повлече одлуката за аболиција и да поднесе оставка.

„Се плашам дека ситуацијата е многу полоша. Не може да се каже дека постои демократија во Македонија. Шансата беше минатата година со политичкиот договор потпишан од лидерите на политичките партии, но сите обврски од него не се испочитувани. Можеби по нешто да, но имаше сериозни потценувања на политичкиот договор. Сега имаме датум за избори закажан на 5.јуни но нема услови за тоа. Пред да се одржат изборите потребна е построга оценка на условите. Верувам дека треба да се земе предвид иднината на земјата, бидејќи избори во овие околности само ќе ја влошат кризата“, посочува Фуере.

Тој одлуката на претседателот ја окарактеризира како скандалозна, потенцирајќи дека истата мора да ја повлече и да поднесе оставка од функцијата шеф на државата.

Ванхауте пак вели дека Иванов, освен што ја продлабочил кризата, ги оневозможил и евентуалните преговори, дополнувајќи дека на меѓународната заедница и укажал дека со избори кризата дополнително ќе се влоши.

„Од моментот кога престанав со преговори, зборував и со меѓународната заедница и со амбасадорите и им кажав дека кризата само ќе се продлабочи. Но некогаш кризата не е лоша, туку може да биде стимул за изнаоѓање решение и да се види кој е проблемот и што треба да прземеме. Денес јасно е кој е проблемот но прашањето е како да дојдеме до решавање на тој проблем“, рече Ванхауте.

Тој дополнува дека доколку не се исполнат сите услови од пржинскиот договор избори не се возможни.

Слично

Поврзани вести