Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванхауте: Граѓаните се уплашени, државата е заробена од една партија!

Ванхауте: Граѓаните се уплашени, државата е заробена од една партија!

Македонија во овој момент не е спремна за избори, тврди белгискиот медијатор Питер Ванхауте.

Тој во интервју за Слободна Македонија вели дека не треба да се оди на избори ко на шега без никакви реформи и нула постигнувања.

„Секако дека не сте спремни за никакви избори во овој момент. Поради конфликтната ситуација што ја перципираме денес, согледувајќи ја огромната измама од претходните неколку години до денешен ден, како и неверојатниот притисок со кој се соочуваат луѓето кои работат во јавната администрација, неверојатниот притисок што го гледаме врз луѓето што работат во образовниот систем. Ова е неприфатливо. Такво нешто не сум видел во ниту една земја од регионот претходно, ниту на било кое друго место. Нема таков преседан. Како резултат на ова, мојот заклучок е дека оваа земја не е подготвена за избори. Нормално е, во една конфликтна ситуација, прво да ги решите проблемите, реалните проблеми, а потоа да се договарате за тоа кога да се организираат избори. Овде се прави сосем обратното. Од сите препораки во Ургентните реформски приоритети и извештајот на Прибе, досега не е постигнато ништо. Има нула постигнувања! И да се оди така на избори е шега. Не треба да го правите тоа“, вели Ванхауте.

Ванхауте вели дека највидлива разлика што ја забележал во Македонија е климата на стравот.

„Со кого и да разговараш, каде и да отидеш, луѓето се уплашени. Не сум видел такво нешто претходно во ниту една од другите земји од регионот. Причината за ова, очевидно, е тоа што една партија успеала да ја зароби државата, претпочитајќи авторитарен начин на владеење. Тие контролираат се – секој ќош во општеството е контролиран од нив. Тоа е она што го нарекуваме авторитарен режим. Тоа, според мене, е најголемата разлика во споредба со која и да е друга земја од регионот. И тоа е многу, многу лошо“.

Целото интервју може да го прочитате овде.

Слично

Поврзани вести