Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНХАУТЕ: Чесните политичари да ги следат овие 14 златни правила

ВАНХАУТЕ: Чесните политичари да ги следат овие 14 златни правила
Еден од посредниците во преговорите на работните групи и договорот од Пржино, Питер Ванхауте во последно време познат по своите симболични мачки на социјалната мрежа Твитер, денеска наброја 14 златни правила за чесните политичари кон кои треба да се придржуваат ако сакаат да преживеат (опстанат) . Златни правила за политичарите 1. Земете мала пауза да ги научите овие правила кои се искрени и од срце 2. Кажувај ја вистината-секогаш и секаде 3. Не заборавај-граѓаните имаат право да знаат 4. Исто така и медиумите 5. Не им ги земај парите на граѓаните-тие им припаѓаат ним 6. Не ветувај го тоа што не можеш да го исполниш 7. Научи како да поднесеш пораз во дебата или на избори 8. Прифати го знаењето на невладините организации, тие знаат 100 пати повеќе отколку што ти некогаш ќе знаеш, па затоа сметај на нив како на основен извор на знаењето 9. Служи му на народот, не дозволувај тој тебе да ти служи 10. Преземи одговорност за сопствените грешки 11. Вози велосипед секој ден и слушни што има да кажат луѓето 12. Спори со аргументите, не со луѓето 13.Запамти за што се работи-направи промени во животите на граѓаните, не во сопствениот живот 14.И никогаш не заборавај-постои живот и после политиката Комплет прирачник за преживување(опстанок) на чесните политичари cesni politicari vanahu
Слично

Поврзани вести